LG направи огромен екран за домашно кино кој чини околу 2 милиони долари

- Advertisement -

LG подготви нова понуда на Direct View LED (DVLED) екрани за домашно кино, а најскапиот модел има вртоглава цена. Новите екрани се достапни во различни димензии – од 108-инчен HD до огромен 325-инчен 8K панел, кој чини неверојатни 1,7 милиони долари. LG претходно ваквите екрани ги наменуваше само за комерцијални купувачи, но сега ги продава на сите кои имаат доволно длабок џеб.

Имајќи ја предвид големината на екранот, новите DVLED екрани за домашно кино не можат да се вклопат во сите домови, а тоа е ограничување кое е врзано за технологијата за дисплеј која ја користат. Наместо да користат LCD слој за креирање пиксели и нивно осветлување со посебни LED диоди, овие нови екрани користат само LED диоди, слично како The Wall на Samsung и Crystal LED на Sony. Ова е предност во креирањето поголемо ниво на контраст во однос на тоа што го имаат OLED екраните затоа што индивидуалните пиксели целосно може да се изгаснат за да се добие подлабоко ниво на црна боја. Предизвикот е да се направат LED диоди доволно мали за да функционираат како индивидуални подпиксели, па затоа овие DVLED екрани се толку масивни.

- Advertisement -

На новите DVLED екрани на LG може да се гледа како на замена за проектори кои креираат слика со големина од 100 инчи или повеќе. DVLED технологијата е поскапа, но ваквите екрани сепак може брз проблем да се користат во добро осветлени простории, за разлика од најголем дел од проекторите кои мора да се користат во темни простории. Светлината на најголем дел од LG екраните изнесува 1.200 нити, што може да се споредува со стандардните напредни ТВ уреди. Најголем дел од екраните имаат стандарден формат 16:9, но LG продава и 32:9 верзии во случај да сакате да гледате две видеа едно покрај друго.

(Klix.ba)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -