Египет гради нова паметна престолнина во пустината

- Advertisement -

Египет планира да гради нова престолнина која ќе биде новиот административен центар на земјата и ќе собере над 6,5 милиони жители, Градот треба да биде едно можно решение за големиот прираст во земјата.

Египет годишно има прираст од околу 2 милиони луѓе, според Reuters. До 2050 година се очекува популацијата на земјата да достигне 150 милиони жители, што е за 50% повеќе отколку што има денес. Каиро веќе е пренаселен, па затоа новиот град ќе мора да ги собере сите нови жители.

- Advertisement -

Според информациите, изградбата на новиот град ќе чини од 45 до 58 милијарди долари и ќе зафаќа површина од околу 700 квадратни километри. Ќе се наоѓана 35км источно од Каиро и во него ќе биде изграден и најголемиот аеродром во Египет, како и највисокото минаре и највисоката црковна купола во Египет, највисоката кула во Африка, најголемата оперска куќа на Средниот Исток, кварт наменет само за забава кој ќе чини 20 милијарди долари, џиновски урбан парк, нов парламент и претседателска палата.

Владата на Египет планира идното лето во новиот град да пресели 34 од владините министерства. Како што откриваат египетските власти, ова ќе биде првиот паметен град во Египет.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -