Финансискиот сектор драстично се промени со издигнувањето на FinTech, кој ги поедностави банкарските процеси на глобално ниво ставајќи ги потрошувачите во прв план.
Компанијата Адева организира поголема онлајн FinTech конференција која има за цел да ги доближи концептите, и да ни долови како оваа индустрија го менува светот.
FinTech ReImagined Forum ќе се одржи следниот четврток на 23ти септември, со почеток од 17:30 часот.
Претставници од светски познати компании како IBM, Payoneer, AWS и Huawei ќе учествуваат на панел дискусиите преставувајќи ги актуелните трендови во ФинТек, и ќе ни откријат зошто оваа индустрија е од големо значење за светот на финансиите.
Агендата за конференцијата е следна:
● Opening Keynote Presentation: Putting the Consumer First
● Open Banking – A Blueprint for the Digital Economy
● Global Payments – Fast Forward into the Future
Sustainable Finance and Innovation – A Virtual Exchange of Ideas
● Infrastructure & Security – Trends and Emerging Threads
● The Rise of Embedded Finance – Next Frontier
● Artificial Intelligence – Strategy and Implications
Конференцијата е бесплатна и може да се приклучите на следниов линк.