Се поголем број на модни брендови даваат приоритет на дизајнирањето инклузивна облека. Така, Nike дизајнираше обувки за кои не ви се потребни рацете за да ги обуете. Ако имате тело, тогаш сте спортист, велат од спортскиот бренд Nike.
Станува збор за инклузивен производ од бренд кој тесно е поврзан со елитните спортисти во врвот на нивната физичка кондиција. Новите обувки, пак, ставаат акцент на тоа дека производите на Nike се достапни баш за сите, со што компанијата сака да ја претвори својата мисија во реалност.
FlyEase се обувки без врвци, обувки во кои буквално зачекорувате со нозете и нема потреба да ги користите рацете. Тоа е особено одлична вест за сите луѓе кои се соочуваат со некаков хендикеп и на кои врвците им се проблем како што се луѓето со аутизам, диспраксија, церебрална парализа и многу други.
Во 2012 година тинејџерот Метју Валцер, кој боледува од церебрална парализа и има ограничена мобилност на едната рака, се обрати директно до Nike за тоа дека врвките на обувките се проблем за него.
„Мојот сон е да одам на колеџ по мој избор без да се грижам кој ќе ми ги врзува врвките секој ден. Цел живот носам Nike обувки за кошаркари затоа што тие се единствените кои имаат поддршка за моите глуждови, но моите родители се уште ми ги врзвуваат врвките. Како тинејџер кој сака да стане независен, тоа навистина ме фрустрира и понекогаш се срамам“, напиша тој до Nike.
Писмото поттикна тим од дизајнери да почнат да креираат обувки кои лесно ќе се обуваат и собуваат. Во светот 1 милијарда луѓе имаат некаков вид на хендикеп, покажуваат податоците од Светска банка. Тоа се 15% од вкупната популација, при што поголем дел се во земјите во развој.
(World Economic Forum)
(фото: World Economic Forum)