СЗО: 90% од луѓето живеат на места со најмалку еден загадувач на воздухот

- Advertisement -

Светската здравствена организација соопшти дека по здравјето на луѓето е штетно пониско ниво на загадување на воздухот отколку што се мислеше. Во новите податоци за квалитетот на воздухот, кои се ажурирани по прв пат после 15 години, агенцијата на ОН наведе дека 90% од луѓето веќе живеат на места со најмалку еден тип загадувач на воздухот.

СЗО објави ревидирани податоци за квалитетот на воздухот во момент кога климатските промени се водечка тема на заседанието на Генералното собрание во Њујорк. Од последното ажурирање на препораките на СЗО, подобрниот надзор и науката понудија појасна слика за глобалните ефекти на шесте водечки загадувачи на воздухoт врз здравјето на луѓето.

- Advertisement -

Се проценува дека изложеноста на загаден воздух предизвикува 7 милиони предвремени смертни случаи секоја година и влијае на здравјето на многу поголем број луѓе. СЗО наведува дека загаденоста на воздухот сега може да се спореди со други глобални здравствени ризици како што е нездравата исхрана и пушењето цигари.

(N1)

Сподели!
- Advertisement -