ЕУ предлага да се користат само USB-C полначи за сите уреди

- Advertisement -

Според новото правило кое го предложи Европската унија, производителите ќе бидат приморани да создадат универзално решение за полнење на телефони и мали електронски уреди.Целта е да се намали електронскиот отпад така што потрошувачите ќе се поттикнат повторно да ги употребуваат постојните полначи при купување на нов уред.

„Сите паметни телефони кои се продаваат во ЕУ мора да имаат USB-C полначи“ се наведува во предлогот.

- Advertisement -

Гигантот Apple се противи на таквиот предлог и тврди дека тоа ќе им наштети на иновациите. Технолошкиот гигант е главен производител на паметни телефони кои користат прилагоден приклучок за полнење затоа што неговата серија iPhonе уреди користи конектор Lightning.

„Загрижени сме дека строгите прописи кои пропишуваат само еден вид на конектор ги гушат иновациите наместо да ги поттикнуваат, а тоа за возврат ќе им наштети на потрошувачите во Европа и во светот“ изјавија од Apple.

- Advertisement -

Најголем дел од Android телефоните доаѓаат со USB micro-B приклучок за полнење или веќе преминале на помодерниот USB-C стандард. Новите модели на iPad и MacBook користат USB-C портови за полнење, исто како и врвните модели на популарните производители на Android, како што се Samsung и Huawei.

Промените кои ги предлага Европската комисија се однесуваат на приклучокот за полнење на телото на уредот, додека крајот на кабелот кој се спојува на прекинувач може да биде USB-C или USB-A.

- Advertisement -

Предложените правила ќе се применуваат на: паметни телефони, таблети, камери, преносни звучници, рачни конзоли за видеоигри. Останатите производи, вклучувајќи ги слушалките, паметните часовници и фитнес уредите не се земени предвид од технички причини поврзани со нивната големина и условите за употреба.

(Klix.ba)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -