Не се гледа крајот на недостигот од чипови, а колкаво е влијанието на тој проблем врз многу глобални пазари, а најмногу врз автомобилската индустрија, најдобро зборуваат проценките за загубите во таа индустрија во оваа тековна година.
Според експертите од консултантската компанија AlixPartners, поради недостигот од чипови автомобилската индустрија ќе има загуба од дури 210 милијарди долари. Што се однесува на производството на автомобили, нивните проценки велат дека од производните ленти ќе излезат околу 7,7 милијарди автомобили помалку отколку што беше планирано.
Нивните проценки се прилично песимистични и покажуваат каква е моменталната ситуација на пазарот. Она што загрижува е и фактот дека нема одговор на прашањето кога ќе заврши кризата со чиповите и кога ќе се нормализира ситуацијата. Според очекувањата на дел од аналитичарите, тоа нема да биде идната година, така што и 2022 година веројатно ќе ја одбележи негативен тренд на автомобилскиот пазар.
(CNBC)
(фото: eias.org)