Кина отвори мега карантин со роботи за сите што ќе влезат во земјата

- Advertisement -

Додека многу држави во светот повторно ги отвораат своит граници и ги ублажуваат ограничувањата во врска со корона вирусот, Кина не сака ништо да препушти на случајноста, па затоа на југот на земјата во градот Гуангжу изгради карантински комплекс вреден 260 милиони долари со 5.000 соби за сите патници кои доаѓаат во Кина.

Отворањето на мега карантинот се очекува во текот на наредните денови. Комплексот се простира на површина од 46 фудбалски игралишта, а изградбата траела помалку од 3 месеци.

- Advertisement -

Досега патниците од странство по доаѓањето во Кина престојуваа во хотели и беа во карантин за да се намали изложеноста на локалните жители на нови можни случаи на заразени со КОВИД-19.Сега со автобуси ќе бидат пренестени во новиот комплекс, каде што ќе бидат затворени најмалку 2 недели.

Во изградбата на мега комплесот учестувале над 4.000 работници, а минатата недела се вселила првата група медицински персонал од 184 луѓе. Објектот треба да биде отворен во пресрет на почетокот на кинескиот саем за увоз и извоз, кој е закажан за 15 октомври.

- Advertisement -

Сеоја соба од карантинот е опремена со камера за видеочет, како и со термометар, а трите дневни оброци ќе ги носат роботи. Официјалното име на овој карантински центар е Меѓународна здравствена станица Гуангжу и првиот таков во Кина.

Градот Духуанг веќе гради своја меѓународна здравствена станица со 2.000 соби, а и градот Шенжен планира да го направи истото.

- Advertisement -

(Bizlife)

(фото: Guangzhou)

Сподели!
- Advertisement -