Ротердам ја добинајголемата канцеларија на вода во светот. Канцеларијата е на три ката и е целосно направена од дрво, што значи дека има низок карбонски отпечаток.
Дизајнирана е да функционира надвор од градската електрична мрежа и да се напојува со енергија од сонцето. Што се однесува на ладењето, наместо клима уреди ќе се користи ладната речна вода. Балконите ќе обезбедуваат дополнителна сенка, а и зелениот кров ќе помогне за регулација на температурата.
Зградата плови на бетонска основа, а во склоп на неа има и ресторан и базен. Во неа ќе биде сместен и Глобалниот центар за адаптација, организација која работи на адаптацијата на светот на климатските промени.
Оваа канцеларија на вода ќе биде отпорна на климатските промени затоа што ќе лебди на водата и нема да се поплави ако дојде до покачување на нивото на водата.
Глобалниот центар за адаптација ќе биде сместен во оваа канцеларија на вода во текот на наредните 10 години, после што канцеларијата ќе биде продадена, ќе биде одвлечена на друга локација или ќе биде рециклирана.
(World Economic Forum)
(фото: Powerhouse Company)