Детското штедење Халки со промотивни каматни стапки до крајот на октомври

- Advertisement -

Сега е вистинско време да почнете да штедите за вашите најмили. Халкбанк АД Скопје, по повод месецот на штедење октомври, започна промотивна кампања за детското штедење Халки, со каматни стапки кои достигнуваат до 1,7 отсто. Промотивните каматни стапки се однесуваат на сите новоотвоени депозити до 31 октомври, кога се одбележува Меѓународниот ден на штедењето.

„Годинава одлучивме октомври целосно да го посветиме на детското штедење, но и на децата генерално. Покрај понудата на најповолни каматни стапки за отворање детски штедни книшки, наскоро ќе објавиме литературен конкурс за деца на тема „Инклузија – сите деца се исти“. До крајот на месецот ќе го промовираме ексклузивното издание на „Сликовницата на Халки“, кое ќе има и своја хуманитарна димензија“, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк АД Скопје.  

- Advertisement -

Минималниотизносза отворање денарски детски депозит во банката изнесува 1.000 денари додека штедењето во евра може да започне со износод 20 евра. Постапката е едноставна, со оглед на тоа што потребни документи за отворање детски депозит се лична карта или пасош од законскиот застапник – родител или старател и извод од матична книга на родените на детето.За секој новоотворен депозит, малите штедачи добиваат дизајнирана детска штедна книшка и подарок касичкаод Халки.

Во текот на октомври, на Фејсбук страницата на Халки, кој прерасна во вистински симбол на детското штедење, ќе бидат објавени неколку видеа и поткасти со едукативни содржини за деца. 

- Advertisement -

Повеќе информации за Детското штедење Халки се достапни на следниот линк.

Сподели!
- Advertisement -