Компанијата Samsung го претстави проектот Life Unstoppable 2021. Во рамките на тој проект претстави несекојдневна виртуелна тура на „куќата со изненадувања“ („house of surprises“) преку живописен и стилизиран краток филм.
Во текот на изминатите 18 месеци нашите домови станаа центар на нашите животи и се претворија во училници, канцеларии, теретани и места за забава. Бидејќи доста време поминувавме меѓу четири ѕида, видовме дека домот е простор на кој му е неопходна промена. Годинашната виртуелна тура на „куќата со изненадувања“ има за цел да ги инспирира сите кои сакаат да внесат иновации во домот благодарение на производите кои повторно носат изненадувања и уживање во животот.
„Life Unstoppable: house of surprises“ го следи семејството составено од различни карактери преку живописниот дом и прикажува како екосистемот на Samsung им овозможува да ја откријат својата внатрешна креативност и страст и да се уверат дека животот е несопирлив.
Со виртуелната тура се разгледуваат шест простории во кои преку активностите на семејството се прикажува моќта за конектирање на производите на Samsung.
„Иновациите кои ги донесува Samsung секогаш ги надминуваат очекувањата на нашите корисници. Виртуелната тура низ куќата со изненадувања е единствена прилика во која ја прикажуваме моќта за поврзување на нашите уреди кои како такви на нашите корисници им носат иновации кои покажуваат дека животот е несопирлив“ изјави Бенџамин Браун, директор за Европа на Samsung.
Виртуелната тура на „куќата со изненадувања“ на Samsung можете да ја погледнете на следниот линк: https://www.samsung-life-unstoppable21.com/K01BMOcTS1M/LfGVimwMg6D6TsLULNc.html.
(Bizlife)
(фото: Samsung)