Проектот Ocean Cleanup штотуку го извади најголемиот куп ѓубре од океан

- Advertisement -

Во септември пишувавме за официјалниот старт на првиот систем во светот за чистење на океаните предводен од холандска непрофитна организација која го носи името Ocean Cleanup. Тогаш Ocean Cleanup го нарече системот System 001 и се движеше до големиот куп ѓубре во Тихиот Океан наречен Great Pacific Garbage Patch, кој честопати се нарекува и остров од ѓубре.

Тој остров од ѓубре е двапати поголем од Тексас и се смета за најголемата зона составена од пластика во океан, а се проценува дека е составен од околу 1,8 трилиони парчиња отпад.

- Advertisement -

Сега последната верзија на системот за чистење на океаните наречена System 002 извади сосега најголем куп ѓубре од океан, а тоа го објавија на LinkedIn. Како што напишаа, последниот тест на System 002 е готов и заврши до уште еден огромен куп ѓубре извадено од вода. Охрабрени од успехот, напишаа дека се спремни да одат да го исчистат островот од ѓубре Great Pacific Garbage Patch.

Проектот за чистење на океаните го основаше младиот Бојан Слат, а е дизајниран со навистина револуционерен систем идеален за чистење на океаните од пластика. Системот користи огромни пловечки цевки во форма на „U“ буквата кои го ловат отпадот додека лебди по водата или во водата. Потоа отпадот се собира и треба да се рециклира.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Linkedin)

Сподели!
- Advertisement -