Кувајт рециклира еднa од најголемите депонии на автомобилски гуми во светот

- Advertisement -

Кувајт почна со рециклирање на еден од најголемите отпади на автомобилски гуми во светот. На отпадот имало над 42 милиони гуми, а постојано избивале пожари и гумите што согорувале во воздухот испуштале отровни гасови и го загадувале населението во околните населби.

Владата потоа ги преместила гумите на локација ал-Салми, каде што почнало рециклирањето. Вработените во фабриката таму ги сортираат гумите и ги сечат. Компресираните парчиња гума потоа ги претвораат во гумени плочки за под, кои потоа ги продаваат.

- Advertisement -

Фабриката за рециклирање на гумите е отворена од јануари 2021 година и може да рециклира 3 милиони гуми годишно. Друга компанија планира да отвори фабрика за пиролиза на гуми во ал-Салми. Тој процес ги претвора гумите во нафта, која потоа може да се користи во фабрики за производство на цемент.

Глобално, старите автомобилски гуми се голем проблем. Светот произведува 1,5 милијарди отпадни гуми годишно, кои тешко се рециклираат затоа што се големи и гломазни, поради хемикалиите кои ги испуштаат и сложениот хемиски состав.Но, кога ќе се најдат на депонија тие се сериозна опасност за предизвикување пожари. На пример, еден пожар предизвикан од автомобилски гуми кој изби во Велс во 1989 година тлееше дури и 15 години подоцна.

- Advertisement -

Сомлените гуми сега се користат за производство на асфалт, со што патиштата имаат поголемо триење и се потрајни. Старите гуми може да се користат и за производство на гумени подлоги кои се ставаат на шините за возови и трамваи.

(World Economic Forum)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -