Со оглед на негативните ефекти кои ги имаат климатските промени врз посевите на кафе ширум светот, иновациите во поглед ан одлгеудвањето на кафето се и повеќе од добредојдени.
Така, изгледа дека не само месо, туку наскоро ќе одглерудваме и кафе во лабораторија. Имено, научници од Финска се обидуваат да одгледуваат кафе во лабораториски услови. Процесот започнува со клетки од вистинско кафе, кои ги ставаат во хралнливи состојки, а потоа во биореактор за да се размножат.
Потоа се печат како и обичното кафе. Се уште вкусот на кафето одгледано во лабораторија не е ист како обичното, но научниците велат дека засега наликува на некаква мешавина со мед, а секој ден се се поблиску до вистинскиот, оригинален вкус на кафето.
Кафето одгледано во лабораторија ќе има повеќекратни бенефити. Најпрвин, како што споемнавме климатските промени ги уништуваат посевите со кафе, а поради се поголемата побарувачка се зафаќаат се поголеми земјоделски површини со кафе и се уништуваат шуми.
За одгледување на кафето во лабораторијата на Техничкиот истражувачки центар VTT не е потребна почва , вода, ниту пестициди, туку кафето може да се одгледува и да се консумира каде било. Со тоа се крати и на емисијата на гасови од бродовите. Битно е и да споменеме дека може да се одгледува и во која било климатска зона.
Би пиеле ли кафе одгледано во лабораторија?
(World Economic Forum)
(фото: Pixabay)