Индија ќе посади по едно дрво за секој човек на Земјата

- Advertisement -

Each One Plant One проектот има за цел да посади 7,9 милијарди дрвја во Индија. Проектот ги опфаќа и руралните и урбаните средини со цел да го подобри животот на луѓето и здравјето на планетата.

Во урбаните средини се садат домородни врсти на дрвја секаде каде што има слободна почва. Во руралните средини се фокусира на соработка со локалните жени-фармери, кои садат овошки со цел да се зголема месечните примања и да се подобри исхраната на луѓето.

- Advertisement -

Проектот се фокусира и на подобрување на шансите за преживување на младите стебла така што се садат стебла кои се најмалку 2 години стари. Се користат органски компост и модерни алатки и се сади во регионите каде што се најголеми шансите за преживување.

Each One Plant One исто така учествува на предизвикот Trillion Trees: India,чија цел е пронаоѓање начини за зачувување и обновување на шумите во Индија.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -