Најсреќниот инвеститор во криптовалути: претвори 8.000 долари во 5,7 милијарди

- Advertisement -

Во една од најголемите поединечни тргувања во историјата, анонимен инвеститор го претвори почетниот капитал од 8.000 долари во богатство од 5,7 милијарди долари во криптовалути, купувајќи милијарди “шиба ину” коини веднаш по дебито на таа криптовалута.

Во серија тргувања во август 2020 година, инвеститорот купил околу 70 милијарди монети шиба ину, кои се појавија на пазарот на криптовалути на 1 август 2020 година.

- Advertisement -

Кога се случило купувањето од 8.000 американски долари, Шиба ину вредел 0,000000000189 долари. Денес, таа криптовалута вреди 0,00007941 долари.

Во криптоновчаникот на анонимниот инвеститор сега има 13 отсто од вкупниот број монети, во вредност од 5,7 милијарди долари.

- Advertisement -

Вкупната циркулациа на монетата шиба ину вреди 45 милијарди долари, што ја прави деветта највредна криптовалута во светот.

(Denar.mk)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -