Денес ќе се реализира првиот лет Скопје – Женева на ЕasyJet

- Advertisement -

Британската нискобуџетната авиокомпанија „easyJet“ во понеделникот попладне ќе го реализира првиот лет од директната авиолинија Скопје-Женева, со што и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар.

Слетувањето на првиот лет од Женева на Меѓународниот аеродром Скопје е предвидено за 15,05 часот. Првите патници ќе бидат пречекани од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак, по што се предвидени изјави за медиумите.

- Advertisement -

Компанијата „easyJet“ ќе ја опслужува линијата Скопје – Женева трипати неделно. Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје – Женева на „easyJet“, се предвидени летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната „WizzAir“, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен.

Податоците на „ТАВ Македонија“ покажуваат дека во периодот јануари-септември, двата македонски аеродроми „Меѓународниот аеродром“ Скопје и „Аеродромот Свети Апостол Павле“ Охрид, опслужиле вкупно 994 237 патници, што е 57-процентно зголемување во однос на истиот период од 2020. Во исто време, вкупниот број на патници за првите девет месеци од годинава е намален за 52 проценти, споредено со истиот период од 2019 година, која се смета за референтна година во авијацијата, бидејќи до почетокот на пандемијата бележеа постојан пораст на патничкиот сообраќај.

Сподели!
- Advertisement -