COP26: Над 40 земји се обврзаа да престанат да користат јаглен

- Advertisement -

Повеќе од 40 земји се обврзаа да престанат да користат јаглен во рамките на климатската конференција COP26. COP26 е самит на Обединетите нации посветен на климатските промени, а кратенката означува Конференција на странки (Conference of the Parties). Ова е 26-та по ред конференциј, а на неа учествуваат 200 земји, кои треба да дискутираат за плановите да ја намалат емисијата на стакленички гасови со 2030 година.

Земјите кои користат многу јаглен како што се Полска, Виетнам и Чиле се меѓу тие што се обврзаа на таков чекор. Но, некои од земјите во светот кои се најмногу зависни од јаглен, вклучувајќи ги Кина и САД, не се приклучија на таа одлука. Во посебна заложба 20 земји, меѓу кои и САД, се обврзаа да престанат да финансираат проекти кои користат фосилни горива во странство до крајот на 2022 година.

- Advertisement -

Таквите проекти согоруваат фосилни горива како што е јагленот, нафтата и рприродниот гас без да користат технологија за заловување на емисијата на CO2. Потписниците на договорот за фосилни горива се обврзаа да престанат да инвестираат во такви проекти и дома и во странство. Тие исто така се договорија да престанат да користат јаглен до 2030 година во најголемите економии, а до 2040 година во посиромашните нации.

Десетици организации исто така се приклучија на заложбата, додека неколку големи банки се согласија да престанат да ја финансираат индустријата за јалген.

- Advertisement -

(BBC)

(фото: UN)

Сподели!
- Advertisement -