Porsche последните три години работи на развој на digital-twin технологија на своите Taycan електрични модели. Досега најмногу се фокусираа на шасијата на возилата затоа што тоа е еден од најбините делови на возилото.
Што би рекле кога вашето возило би можело да ве предупреди дека треба да направите некакво сервис за да не дојде до некој дефект или да ви помогне да направите максимална заработка ако го продадете? Благодарение на технологијата digital-twin на Porsche, тоа се само дел од работите за што ќе бидат способни идните возила.
Едноставно речено, digital-twin технологијата е виртуелна копија на постојни објекти, без оглед дали е тоа возило, систем или некоја компонента, кои може да се надгледуваат, да се дијагностицира и да се прават анализи. Оваа технологија овозможува сетоа тоа да се прави без потреба од физичка интерацкија со возилото или деловите од возилото.
За развојот на digital-twin технологијата задолжена е софтверската компанија Cariad, која е дел од групацијата Volkswagen. На пример, амо вашето возило премине некоја дупка, возилото може да го предупреди возачот дека треба да се замени еден од амортизерите. Понатаму, возилот би можело да предупреди на неизбежен дефект и да се јави во автосервисот на возачот за резервните делови да се набават навреме и за проправката да трае што пократко. Истата технолгија може да предупредува и на опасно услови на патиштата, како на пример мраз.
Со оглед на тоа дека Porsche ја цени приватноста на возачите, секој што сака да биде дел од пилот-верзијата на технологијата мора своеволно да прифати, а сите собрани податоци се анонимни. Digital-twin технологијата може да се примени и на други системи во возилото како погонот или на некои повремени проблеми како бучавата при возење итн. Digital twin може да помогне и за подигање на вредноста на возилото при продажба со користење на навиките на возачот, но таа опција засега не е достапна, а од Porsche не знаат кога ќе стане достапна.
(CNET)
(фото: Wikimedia)