Британски научници открија ген кој го дуплира ризикот од смрт од КОВИД-19

- Advertisement -

Британските научници открија ген кој го дуплира ризикот од смртен исход од КОВИД-19 и дава нов увид во причините поради кои некои луѓе се поподложни на оваа болест од останатите, а истовремено ова сознание отвора моѓности за персонализиран пристап во лечењето.

Околу 60% од луѓето со јужноафриканско потекло имаат таков високоризичен ген, рекоа вчера научници од Универзитетот Оксфорд и додадоа дека откритието делумно ја појаснува смртта на голем број луѓе од последици од корона вирусот во некои британски заедници, но и на индискиот потконтинент.

- Advertisement -

Научниците открија дека тој ризик не е поголем поради разликите во генетското кодирање на протеините, туку поради разликите во ДНК кои создаваат своевиден прекривач и притоа го амктивираат генот. Тој генетски сигнал веројатно ќе делува на клетките во белите дробови, додека високоризичната верзија на откриениот ген, наречен LZTFL1, веројатно ги спречува клетките во белите дробови правилно да реагираат на вирусот.

Но, високоризичната верзија на генот не влијае на имунолошкиот систем од организмот кој создава анттела за да се бори против инфекции, велат истражувачие. Истакнуваат дека луѓето кои во себе ја носат оваа верзија на генот треба нормално да реагираат на достапните вакцини.

- Advertisement -

Резултатот од истражувањето е објавен во научното списание Nature Genetics.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -