ВИДЕО: Aмерикански Walmart почна да користи целосно автономни камиони за достава

- Advertisement -

Една од главните причини за празните рафтови по продавниците и недостигот на гориво на бензинските пумпи во Велика Британија е немањето доволно возачи на камиони. Бројот на потребни возачи е околу 100.000 и тешко дека за брзо време тој проблем ќе биде решен. Едно од решенијата на долг рок е замена на возачите со технологија.

Така, возачките седишта би останале празни, а со камионите ќе управува компјутер. Ако мислите дека тоа е многу футуристички, доволно е да ја погледнеме американката држава Арканзас, каде што стоката на американскиот синџир Walmart ја доставуваат целосно автономни камиони.

- Advertisement -

Американскиот малопродажен гигант веќе некое време соработува со компанијата Gatik, која развива автономна технологија за камиони, а двете компании вчера се пофалија дека нивните камиони во кои нема возач ја превезуваат стоката од складиштата на Walmart и продавниците во градот Бентовил.

Ова е прв пат во светот компанија за автономен камионски превоз целосно да ги исфрли возачите од камионите за дневните комерцијални русти за достава, Првиот човек на компанијата, Готам Наранг, ова го нарече револуционерен чекор за индустријата за автономни камиони, до кој дошле после детални тест-возења кои почнале во 2019 година.

- Advertisement -

Сепак, иако никој не седи на местото на возачот, на совозачкото седиште седи човек со ограничени можности за контрола на возилото, а зад камионот вози и посебно возило за сепак да постојат безбедносни механизми кои надгледуваат како управуваат компјутерите. Со тек на време и тие ќе бидат исфрлени и камионите на Gatik ќе превезуваат стока без никаков надзор.

(Tech Spot)

- Advertisement -

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -