Во Австралија по прв пат во светот се одржа трка на ултрабрзи летачки автомобили во светот во рамките на тестирањето на идната серија летачки автомобили со пилот кое ќе започне од 2022 година.
Движејќи се со брзина од 144 км/ч, двата воздушни болиди Alauda Aeronautics Mk3 ги одмерија силите во воздушна трка додека со нив управуваа пилоти со далечински управувачи. Трката беше одржана на воздушна линија од 200 метри.
Трката ја организираше Airspeeder, а беше одржана во Аделаида и целта била да се покаже потенцијалот на новите видови трки наречени EXA Series. Кога новата серија на трки ќе почне идната година, летачките болиди ќе имаат пилоти во кабините.
Летачките болиди од видеото во прилог се тешки 100 кг и се направени од лесни карбонски влакна, а должината на која се тркале ја поминале за само неколку секунди. Моменталната генерација на болиди на Alaudin бара далечинско управување, но идната генерација Mk4 ќе има пилоти во кабината.
Од Airspeeder улогата на оваа нова генерација спортски трки и спортската технологија ја споредуваат со улогата на Формула 1 пред речиси еден век.
(Daily Mail)
(фото: YouTube)