Велика Британија му дава милиони евра на Rolls-Royce за да прави нуклеарки

- Advertisement -

Велика Британија резервираше 245 милиони евра за да му помогне на Rolls-Royce да го изгради првиот модуларен нуклеарен реактор, кој треба да помогне да се сведе емисијата на СО2 на островот на нето нула до средината на овој век. За остварување на таа цел потребно е поголемо производство на струја од извори со низок удел на јаглерод диоксид како што се ветрот, сонцето и нуклеарната енергија, но новите крупни нуклеарни проекти тешко наоѓаат инвеститори.

Малите модуларни реактори може да се произведуваат во фабрики, нивните делови може да се транспортираат со камиони, а составувањето е побрзо и поевтино отколку во случајот со големите реактори.

- Advertisement -

Малите модуларни реактори нудат возбудливи прилики за намалување на трошоците и брзо градење и ќе овозможат да се испорачува чиста енергија на граѓаните и уште повеќе да се намали употребата на фосилни горива.

Државните пари ќе овозможат технологијата да премине на следните чекори во регулаторните процеси и ќе помогне во пронаоѓањето потенцијални локации за мини нукчеарни електрани, се вели во соопштението на владата.

- Advertisement -

Rolls-Royce Group, BNF Resources UK Limited и Exelon Generation Limited ќе инвестираат 227 милиони евра во технологијата во текот на три години преку специјализирани подружници на Rolls-Royce SMR Ltd.

Соработката со SMR може да отвори до 40.000 работни места преку инсталациите во Обединетото Кралство и растот поттикнат од извозот, изјави извршниот директор на Rolls-Royce, Ворен Ист.

- Advertisement -

Британија сака да го зголеми бројот на работни места врзани за чиста технологија во вклоп на т.н. зелена индустриска револуција, а Лондон тврди и дека сака да ја намали зависноста од фосилните горива поради наглото поскапување на гасот, чиј драматичен скок на цената уништи неколку мали британски доставувачи на енергија.

(Index)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -