Новите национални придонеси во борбата против климатските промени во текот на оваа деценија, кои беа ветени на конференцијата на ОН во Глазгов, ќе доведат до загревање на нашата планета за 2,4 степени Целзиусови, изјавија аналитичари вчера.
Истражувачката коалиција Climate Action Tracker (CAT) објави дека ветувањата на државите за намалување на емисијата на стакленички гасови до 2030 година и понатаму ја водат Земјата кон загревање над она што ОН го одреди за 2100 година.
Дури и со новите ветувања дадени во Глазгов за 2030 година ќе емитување отприлика дупло повеќе отколку што е потребно за задржување на температурите под 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустрискиот период. Затоа владите мора повторно да ги разгледаат своите цели, додаваат аналитичарите.
Во оптимистичното сценарио во кое ќе се исполнат ветувањата на државите за нулта емисија на стакленички гасови до 2050 година или подоцна загревањето би можело да се задржи на 1,8 степени Целзиусови ова столетие. Сепак, посочуваат дека не треба да рачунаме на остварување на долготрајните цели затоа што најголем дел од земјите ги немаат исполнето ни краткотрајните цели.
Светот пред конференцијата во Глазгов беше на пат да се загрее за 2,7 степени Целзиусови, а пред договорот во Париз во 2015 година за 4 степени. Сите тие сценарија се над посакуваниот исход од 1,5 степени, за кој се тврди дека ќе спречи катастрофални климатски промени. За да се оствари тоа научниците истакнуваат дека светската емисија на стакленички гасови мора да се намали за 45% до 2030 година во однос на нивото од 2100 година и дека до 2050 година мора да се постигне нулта емисија на гасови.
(Dnevnik.hr)
(фото: Wikimedia)