Познато како ќе изгледа првиот автомобил на Apple

- Advertisement -

Apple не открива многу детали за нивниот автомобил Apple Car, но друга компанија од Велика Британија одлучи да открие како отприлика би можел да изгледа автомобилот. Vanarama, брокер со автомобили, разви неверојатно детален модел на Apple Car врз основа на патентите на Apple.

Веќе неколку години кружат гласини за Apple Car, иако минатaтa годинa шпекулациите достигнаа ново ниво кога се појавија извештаи дека технолошкиот гигант ќе го произведе својот прв електричен автомобил до 2024 година. Претходно годинава беше откриено партнерство меѓу производителот на електрични автомобили Fisker и производителот на iPhone, Foxconn.

- Advertisement -

Vanarama нема никаква конекција со Apple и моделот на Apple Car што го дизајнираа само е маркетинг и не долева масло на гласините за автомобилот на Apple. Сепак, фактот дека нивниот модел се базира на вистински патенти го прави кредибилен.

Од нивниот дизајн може да се види дека се земени некои детали од Tesla Cybertruck, како и Hyundai Ioniq 5 EV. Надворешниот дизајн е само шпекулација на Vanarama, затоа што во патентите на Apple не се откриваат такви детали.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: Vanarama)

Сподели!
- Advertisement -