Поради недостиг на чипови, автомобилите се испорачуваат без многу опции

- Advertisement -

Дел од производителите на автомобили испорачуваат возила без некои опции и компоненти за кои немаат чипови. Немањето чипови веројатно најтешко ја погоди автомобилската индустрија. Иако побарувачката за возила е голема, автомобилските компании немаат доволно компоненти, односно чипови за да ги довшрат возилата и да ги испорачаат до купувачите. Поради тоа, некои компании ги испратија вработените на годишен одмор, некои привремено ги затворија фабриките, додека дел од компаниите се одлучија да направи автомобили со деловите кои ги имаат и потоа да чекаат остатокот од чиповите за да ги довршат.

Некои се одлучија за друга тактика – да испорачаат автомобили без некои инаку стандардни опции, односно компоненти, а на страницата Popular Mechanic наброени се сите опции од кои одлучија да се откажат производителите на автомобили за нивните купувачи да не мора да чекаат на испораката на возила.

- Advertisement -


На пример, BMW на некои автомобили не испорачува екрани осетливи на допир, сопствениците на некои возила на Ford ќе мора да прифатат да немаат одредени компоненти како сателитска навигација, но таа опција ќе може да се догради подоцна. Исто така, и Nissan во дел од своите возила нема да вградува стаелитска навигација.

Недостигот на чипови се одрази и на Mercedes и во дел од автомобилите кои годинава излегоа од производните ленти нема поодлога за бежично полнење телефон, некои ЛЕД светла и аудио системи.

- Advertisement -

Купувачите на Cadillac ќе се разочараат кога ќе дознаат дека нема опција за асистент кај Super Cruise, а GM од одредени модели на автомобили ја исфрли поддршката за HD радио. Исто така автомобилите од таа компании, зависно од моделот, нема да имаат грејачи на седишта и загревање на воланот.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -