Германскиот гигант Porsche пред три години презеде удел од 10% во Greyp Bikes во исто време кога инвестираше во Rimac Automobili, а денекс анајави дека ќе преземе мнозинкси удел во компанијата. Трансакцијата треба да биде говота до 18 декември, а Мате Римац и останатите основачи на Greyp ќе го задржат постоечкиот удел во компанијата.
Како што наведоа во соопштението за јавноста, Porsche го препознал технолошкиот потенцијал на Greyp, кој треба да им помогне во реализацијата на плановите и ширењето на активноста на пазарот на електрични автомобили.
„Многу сум горд на тимот на Greyp, на чие чело е Крешимир Хледе, и на се што направија во последните седум години“ изјави Мате Римац. Тој додаде дека секогаш верувал дека Greyp има потенцијал да стане исклучително успешна светска компанија, како и дека Greyp досега бил во сенка на Rimac Automobili и дека не може да го искористи својот целосен потенцијал.
Иако Римац уште не може да ги открие сите детали, потврди дека Greyp и понатаму ќе биде многу присутен во Хрватска и дека сакаат да прават многу битни работи, а во спротивно и Porsche не би се одлучил да преземе мнозински удел во компанијата.
(Zimo)
(фото: Facebook)