Европскиот парламент одобри 387 милијарди евра за земјоделски субвенции

- Advertisement -

Европскиот парламент денеска ја одобри програмата на ЕУ за субвенционирање на земјоделството. Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) изнесува 387 милијарди евра за седум години, а 270 милијарди евра ќе бидат обезбедени како директна помош за европските земјоделци.

Трошоците на ЕУ ќе стапат на сила во 2023 година, а Франција останува главната земја-корисник. Европратениците со големо мнозинство гласаа за трите текста кои го сочинуваат целокупниот пакет субвенции.

- Advertisement -

Реформата предвидува исплата на бонуси на земјоделците кои учествуваат во поеколошки активности, користат поеколошки техники или придонесуваат за подобрување на состојбата на животните.

Теоретски, земјите-членки ќе треба да издвојат просечно 25 отсто годишно директни плаќања за овие „еко-режими“ помеѓу 2023 и 2027 година, при што само 20 отсто ќе може да се издвојат во првите две години. 

Сподели!
- Advertisement -