На локациите на „Макпетрол“ од 1 декември пластичните ќеси нема да бидат достапни

- Advertisement -

Следејќи ги светските текови, како и новите измени во законот за отпад во земјава, на бензинските станици и сите останати продажни локации на „Макпетрол“ од 1 декември веќе нема да бидат достапни пластични, туку само хартиени ќеси.

Со цел заштита на животната средина и давање придонес во намалувањето на количеството отпад што секојдневно се создава, на купувачите ќе им биде овозможено да користат амбалажа што е значително поеколошка.

- Advertisement -

– Новите измени во законот за отпад овозможуваат пластичните ќеси по одредена цена и понатаму да бидат во употреба на продажните локации, но нашето уверување е дека тоа не е долгорочно одржливо решение. За таа цел, како општествено одговорна компанија одлучивме ваквата амбалажа целосно да ја укинеме на нашите локации, а купувачите на располагање ќе ги имаат хартиените ќеси, кои што за значително пократок период се разградуваат во природата. Како и досега, зачувувањето на околината преку еколошки издржани чекори и во иднина ќе биде значаен дел од компаниската стратегија – истакнуваат од „Макпетрол“.

Последните податоци од Заводот за статистика укажуваат дека во 2020 во земјава се произведени над пет илјади тони вреќи и пластични ќеси, што е за 65 отсто повеќе споредено со 2010 година.

- Advertisement -

Според „Иницијативата за забрана на пластичните ќеси“ македонските граѓани користат од 120 до 150 милиони вакви пакувања на годишно ниво иако неофицијално се проценува оти тоа количество достигнува и половина милијарда.

Просечно, секој жител на државата користи околу две пластични ќеси дневно. Капацитети за рециклирање во Македонија нема, но и на глобално ниво, само помеѓу пет и 15 проценти од пластичните ќеси се рециклираат.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -