Интернационалната технолошка компанија „Инфинум“ ја презема македонската компанија за развој на софтвер „3П Девелопмент“

- Advertisement -

„Инфинум“, една од најголемите хрватски компании, со интернационално искуство за развој на дигитални производи, која работи на глобалниот пазар ја презема македонската компанија „3П Девелопмент“, за развој на софтвер. Компанијата е присутна на повеќе од 15 пазари во светот, а свои канцеларии има и во Хрватска, Словенија, САД, а отсега и во Велика Британија, Црна Гора и Македонија.

Со влегувањето на македонскиот пазар, хрватската компанија ќе ги интензивира инвестициите во земјава преку отворање нови работни места и развој на нови производи. Според првичните планови во следните три години „Инфинум“ ќе вработи 100-тина нови лица. „Инфинум“ е основана од Томислав Цар и Матеј Шполер во текот на нивните студии и веќе 16 години делува на меѓународниот пазар.

- Advertisement -

Македонската компанија „3П Девелопмент“ успешно делува на пазарот од 2012 година. Компанијата има 30 вработени кои во изминатиот период работеле на проекти за интернационални клиенти, како што се „Virgin Mobile“, „Novartis“, „Hilton“ и „ProCredit Bank“, како и за клиенти од други индустрии. Со свои активности делуваат на пазарите во САД, ЕУ и Блискиот исток.

Синергијата помеѓу двете компании беше „осудена“ на успех уште од првиот момент. Нѐ импресионира начинот на кој „Инфинум“ функционира, солидната и иновативна внатрешна организација и односот кон вработените. За нас е голем предизвик што преку оваа соработка ќе имаме прилика да запознаеме нови луѓе, но и да стекнеме нови знаења и вештини и да работиме на интересни проекти за некои од најголемите светски брендови. Во следните месеци интензивно ќе се фокусираме на нови вработувања и ширење на тимот“, изјави Ѓорѓи Ќосев, основач и директор на „3П Девелопмент“.

- Advertisement -

Во хрватски „Инфинум“ работат преку 350 лица, на кои ќе им се приклучат и македонскиот тим составен од 30 професионалци, пред сѐ инженери, дизајнери и лидери на проекти. „Инфинум“ е познат како повеќекратен добитник на наградата за најдобар работодавач во Хрватска, а својата докажана компаниска култура планираат да ја пренесат и во новоотворената канцеларија во Скопје. Покрај тоа, тие планираат да градат блиски односи со локалната ИТ заедница и факултетите, како и да придонесат во организацијата на настани и во споделувањето на знаење.

Во Македонија ќе ја донесат и „Инфинум Академија“, практичен бесплатен курс за работа со најновите технологии за развој на софтвер, за студентите по инженерство во Македонија. Повеќе од 300 студенти веќе успешно ја завршија програмата, по што најголемиот број од нив се вработија во реномирани технолошки компании или во „Инфинум“. Првата „Инфинум Академија“ во Скопје ќе биде организирана во 2022 година.

- Advertisement -

Активно работиме на ширење на глобалното присуство. До сега тоа го правевме преку органски раст, додека ова преземање претставува ново поглавје во развојот на ‘Инфинум’.  Во `Девелопмент` препознавме квалитет, ентузијазам  и сличен начин на размислување. Се радуваме што имаме можност во Македонија да го донесеме своето искуство, знаење и начин на работа“, истакна Никола Капраљевиќ, оперативен директор на „Инфинум“

Проектите и производите на кои работи „Инфинум“ придонесуваат за глобалната дигитална трансформација во повеќе сектори како што се здравството, финансиите, телекомуникациите, мобилноста и други индустрии.

Преземањето на „3П Девелопмент“ ќе биде завршено откако Комисијата за заштита на конкуренција ќе даде формално одобрение. 

ЗА „ИНФИНУМ“

„Инфинум“ се занимава со дизајн и развој на дигитални производи за глобалниот пазар. Компанијата соработува со клиенти од автомобилската индустрија, финансиите, здравството, телекомуникациите и други сектори, а нивните крајни решенија ги користат милиони луѓе. „Инфинум“ е основан во 2005 година и денес компанијата вработува над 350 професионалци од повеќе од 15 земји, со канцеларии во Хрватска, Словенија, САД, Велика Британија, Црна Гора, Македонија.

ЗА „3П ДЕВЕЛОПМЕНТ“

3П е студио за развој на мобилни и веб апликации основано во Скопје во 2012 година. Тимот брои над 30 ИТ професионалци кои работеле на над 300 проекти за клиенти во телекомуникациската, фармацевтската, осигурителната и други индустрии во САД, Европа и Блискиот Исток.

Сподели!
- Advertisement -