Новите соларни ќелии на Тesla генерираат 22% повеќе чиста енергија

- Advertisement -

Производителот на електрични автомобили Tesla претстави нови соларни ќелии за корв кои имаат уште поголема моќ на генерирање енергија отколку претходните, иако ги имаат истите димензии. Теsla влезе во бизнисот со чиста енергија која ја купи компанијата SolarCity за 2,6 милијарди долари во 2016 година. Сега компанијата работи на ширење на употребата на соларна енергија така што обичните кровови ги заменува со соларни ќелии кои генерираат струја. Tesla дава и 25 годфини гаранција на ќелиите и инсталацијата е бесплатна.

Сепак, компанијата досега имаше проблеми со пласирањето на својот главен производ поради флуктуацијата на цената. Бидејќи има различни кровови, Tesla имаше тешкотии при создавањето еден универзален производ, па дури и воведе посебни критериуми за проценка на цената во зацисност од сложеноста на кровот.

- Advertisement -

Сега компанијата ги претстави новите кровни соларни ќелии. Ќелиите SR72T1 имаат максималнен аутпут од 71,67 вати наспрема претходната верзија со 58,5 вати. Големината на ќелиите остануваиста, а моќта на генерирање се зголемува за дури 22%.

Tesla моментално користи два типа на ќелии за кров. Иако не изгледаат различни на прв поглед, едните произведуваат соларна енергија, а другите не. Тоа е така затоа што Tesla ги инсталира соларните ќелии таму каде што е најефикасно. Со новите кровни ќелии Tesla ќе добие поголема моќ за генерирање со поедноставување на процесот на инсталација и помалку работа при поврзувањето на ќелиите.

- Advertisement -

Интересно е тоа што новите ќелии може да се постават и на постоечки кровови, па така и луѓето кои не можат да си дозволат целосна замена на кровот можат да се префрлат на соларна енергија.

(Interesting Engneering)

- Advertisement -

(фото: Tesla)

Сподели!
- Advertisement -