Топ 100 компаниите остварија над 920 милиони евра промет, околу 73 милиони евра нето добивка, вработија над 9000 луѓе и инвестирале околу 75 милиони евра.
Компанијата „Кипер“ е прогласена за Топ 5 најуспешна компанија од страна на Стопанската комора на северо-западна Македонија која и годинава ја организираше манифестацијата Топ 100.
Во Топ 5 најуспешни компании се уште „Пофикс“, „Даути Комерц“, „Пуцко Петрол“ и „ АТС Груп“.
Наградата „најуспешно партнерство“ и припадна на компанијата „Вардар-Доломит“, награда за најдобар бизнис предводен од жена ѝ припадна на „Догаин Еир“ на Мерита Рамадани Алими.
Наградата за екоинвестиција ѝ припадна на компанијата „International Fresh Food“, додека наградата за најбрзорастечка компанија во последните 3 години ја доби компанијата „Декор Текстил“.
На Ердин Османи му беше доделено признание за трансформацијата на бизнисот за усогласување со новите околности создадени од ковид-19.
СКСЗМ веќе 11 години го организира овој настан на кој ги прогласува најуспешните компании членки.
Топ 100 компаниите остварија над 920 милиони евра промет, околу 73 милиони евра нето добивка, вработија над 9000 луѓе и инвестирале околу 75 милиони евра.