Средношколци на „Trash Fashion“ изработија еколошки креации инспирирани од фолклорот

- Advertisement -

Вчера по 10-ти пат се одржа „Trash Fashion“ во Кинотеката на Северна Македонија. Тема за изработка на моделите за овој натпревар годинава беше: „Модерна традиција – реконструкција на народни носии или традиционални облеки од Република Северна Македонија“.

Во таа насока, средношколците од земјава дизајнираа и изработија модни креации, така што ќе научат за вредноста на предметите кои најчесто се сметаат за „ѓубре“ или „отпад“ и за нивното влијание врз животната средина.

- Advertisement -

На вчерашниот настан првото место го освои тимот од Средното општинско училиште „Ванчо Прке“ од Виница, со креацијата „Intertwining“, на тимот Васвије Мемедова, Бенита Мемедова и Алев Селманова. Ментор на победничкиот тим е Даница Постолова.

[pro_ad_display_adzone id =”6449″]

- Advertisement -

Второто место на натпреварот го освоија средношколците од „Нико Нестор“ во Струга. Kреацијата „Клеопатра“ е на тимот: Александра Попоска, Аида Беќироска и Анастасија Крстеска. Ментор на овој средношколски тим беше Ивана Стојанова.

Третото место на „Trash Fashion“ им припадна на учениците од ССОУ „Киро Бурназ“ од Куманово. Тимот составен од Меланиа Стојмановска, Ангела Станишковска и Анастасија Пешевска ја изработи креацијата „Red and White Goddess“. Нивен ментор беше Данијела Митиќ.

- Advertisement -

Специјална награда на 10-тото издание освоија средношколците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп. Креацијата „Дојрана“ беше изработена од тимот сочинет од Јана Јованоска, Сања Дамеска, Мери Дамеска и Теона Крстевска. Ментори беа Марта Макеска и Мелита Поп Антоска.

Средношколците годинава можеа инспирација во дизајнот и изработката на костимите да го црпат од традиционалните носии, везови и бои од сите народности кои живееле или живеат во земјата, но со вметнување и на нови, современи обележја кои се уникатни.

(Meta.mk)

(фото: Facebook)

Сподели!
- Advertisement -