Во Дубаи успешно тестиран уште еден летачки автомобил

- Advertisement -

Bellwether Industries, британски стартап кој развива електрични летачки автомобили со вертикално полетување (eVTOL), успешно ги направи првите тест-летови на својот прототип на таов автомобил во Дубаи.

Од компанијата истакнаа дека во текот на наредните недели ќе ги споделат видеата од тестирањата, како и дека летачкиот автомобил направил вкупно 8 тест-летови.

- Advertisement -

Bellwether досега има собрано 1 милион долари од ангели инвеститории и нивниот автомобил за прв пат беше претствен пред јавноста во Дубаи минатиот месец.Сега тие бараат повеќе инвестиции за да го изградат првиот прототип чие производство ќе може да се скалира.

Летачкиот автомобил Volar е дизајнира за пократки градски патувања. Финалната верзија ќе биде широка околу 3,2 метри, додека прототипот кој ги правеше тст летовите беше половина од тоа. Моменталниот прототип на Volar има две седишта, додека финалната верзија ќе има од 4 до 5 седишта.

- Advertisement -

Во текот на тестирањата автомобилот летал до 3,9 метри со брзина од 40 км/ч. На нивната веб-страница Bellwether пишува дека конечните верзии ќе може да летаат до висона од околу 900 метри со максимална брзина од 217 км/ч. Се проценува дека батериите ќе им траат 90 минути, што е слично на многу дизајни на летачки такси возила кои моментално се развиваат.

Bellwether сака својот прв летачки автомобил за комерцијална употреба да го пласира на пазарот до 2028 година, иако тоа зависи од сертификатите кои ќе ги добијат. Компанијата специфично го позиционира својот автомобил како приватен летачки автомобил, па интересноо ќе биде да се види дали пазарот за јавен урбан воздушен превоз ќе се развие пред компанијата да ја пласира својата прва летачка машина.

- Advertisement -

(Interesting Engineering)

(фото: YouTube)

Сподели!
- Advertisement -