Во план е отворање на дополнителен производствен капацитет на „DRÄXLMAIER group“ во индустриската зона Новини и Речица, во кумановско, каде треба да се вработат повеќе од 2.000 граѓани.
Оваа информација за плановите на Дрекслмајер ја потврдуваат и од Германската стопанска комора во земјава, која ги обединува германските инвеститори кои работат во државава. Како што пишуваа медиумите, вкупно 12 градежни парцели за изградба на хотели, трговски центри и фабрики беа објавени на јавно наддавање кон крајот на мај во индустриската зона „Речица“ покрај Куманово.
Се работи за четири парцели за лесната и незагадувачка индустрија, две за хотели и шест за големи трговски центри. Почетната цена на земјиштето за изградба на фабрики за лесна индустрија е едно евро по метар квадратен, за хотелски комплекс 283 денари од метар квадратен и за големи трговски центри 800 денари од метар квадратен.
Vrabotuvanje.mk