НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто

- Advertisement -

Вкупните депозити во ноември годинава, на годишна основа, се повисоки за 8,1 отсто, при раст кај двата сектора – корпоративниот и домаќинствата со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, информира Народна банка (НБ).

-Во ноември 2021 година, паричната маса (монетарниот агрегат М3 1,2 ) е зголемена за 0,7 отсто на месечна основа, во најголем дел под влијание на растот на депозитните пари, при помал раст и кај краткорочните депозити, а во услови на пад на готовите пари во оптек и долгорочните депозити до две години. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 9,5 проценти, главно како резултат на повисоките депозитни пари и краткорочни депозити, при мал раст и на готовите пари во оптек и речиси непроменети долгорочни депозити до две години, соопшти НБ.

- Advertisement -

Во ноември, се вели во соопштението, вкупните депозити забележаа месечен раст од 1,1 процент, којшто во поголем дел се должи на растот на депозитите на корпоративниот сектор. Годишниот раст на вкупните депозити изнесува 8,1 отсто и е резултат на зголемените депозити кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. Вкупните кредити се зголемени за 0,8 отсто на месечна основа, под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 7,7 отсто, којшто во услови на раст на кредитирањето кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“.

-Вкупните депозити на корпоративниот сектор забележаа раст од 3,4 отсто на месечно ниво. Месечниот раст главно се должи на зголемените депозитни пари, во услови на помал раст и на долгорочните и краткорочните депозити во странска валута, при остварен пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари. Споредено на годишно ниво, овие депозити се повисоки за 13,7 проценти, поради растот на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во странска валута, при забележан пад кај краткорочните и долгорочните депозити во денари. Во ноември, кај вкупните кредити на корпоративниот сектор е остварен месечен раст од 1,0 отсто, којшто во најголем дел е резултат на зголеменото кредитирање во денари. Во споредба со ноември претходната година, кредитите на корпоративниот сектор се зголемени за 7,4 проценти, како резултат на повисоките кредити во денари и во странска валута, при поголем придонес на кредитите во денари, посочуваат од НБ.

- Advertisement -

Вкупните депозити на домаќинствата, како што нагласуваат, бележат месечно зголемување од 0,3 отсто. Притоа, промената главно се должи на растот на краткорочните депозити во странска валута, при помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута, додека депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во денари бележат пад.

-На годишна основа, овие депозити се повисоки за 7,1 отсто, во најголем дел поради зголемените краткорочни депозити во странска валута и депозитните пари, при помал раст и кај долгорочните депозити во странска валута, а во услови на пад кај долгорочните и краткорочните депозити во денари. Во ноември, кредитите на домаќинствата се повисоки за 0,6 отсто на месечно ниво, при остварен годишен раст од 7,7 проценти. Притоа, во услови на зголемување на кредитите во денари и во странска валута, растот на месечна и годишна основа е поизразен кај кредитите во денари, велат од НБ.

- Advertisement -

Во ноември, додаваат, кај кредитите одобрени на физичките лица, најзастапени се категориите потрошувачките и станбените кредити кои забележаа месечен раст од 0,5 и 1,2 отсто, при годишен раст од 6,8 и 16,1 процент.

-Кај автомобилските кредити е забележан пад од 2,4 отсто на месечно и 17,9 отсто на годишно ниво, додека кредитите одобрени на кредитни картички бележат минимален месечен раст од 0,1 отсто, при годишен пад од 9,3 проценти. Негативните салда на тековните сметки се пониски за 0,5 отсто на месечно ниво, додека на годишно ниво се зголемени за 1,2 проценти. Во ноември, кај кредитите одобрени врз други основи е забележан месечен пад од 1,8 отсто и годишен од 30,6 отсто, прецизираат од Народната банка.

Сподели!
- Advertisement -