Операторот со јавниот транспорт во Берлин нуди билети направени од марихуана за сите патници кои се под стрес. Компанијата (BVG) ајде начин за сите патници во германската престолнина да се релаксираат пред божиќните и новогодишните празници и од пандемијата на КОВИД.
BVG на патниците им нуди шанса да купат билети со масло од марихуана и им ветува дека ќе имаат смирувачки ефект ако се изедат.
Билетите чинат 8.80 евра и се направени од хартија која може да се јаде, а се попрскани со “не повеќе од три капки масло од марихуана”.
Од BVG велат дека маслото од марихуана е добиено од семето на растението канабис. За разлика од цветовите, ова масло не содржи халуциногени супстанции како THC.
Како резултат, велат од компанијата,маслото на билетите, кои се валидни 24 часа, се целосно безопасни по здравјето и се сосема легални.
“Вака можете без мака да патувате низ Берлин цел ден и потоа едноставно да го голтнете билетот и заедно со него да го ‘изедете’ стресот” велат од компанијата.
(Deutsche Welle)
(фото: bvg.de)