Осум стартапи од Сеавус Акцелераторот успешно ја завршија третата Tech Boost програма, која Сеавус ја реализираше во партнерство со Startup Wise Guys и Spring Activator, а четири од нив станаа дел од првиот регионален акцелератор.
По три месеци од пред-акцелераторската програма, 33 стартапи од 6 држави од регионот – Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Србија, Косово и Хрватска имаа можност да се претстават и да станат дел од првиот регионален акцелератор.
На овој Стартап Демо Ден осум стартапи поддржани од „Сеавус Акцелератор“: Generation Impact- Iva Velkovska; Kenzo MK; Bintern; GoConf; Finance Titans; Prodavnici.mk – Продавници МК; Klik Superapp; Beehold имаа ексклузивна можност своите бизнис-идеи да ги претстават пред инвестициски судии од партнерските организации и со тоа да обезбедат учество на првата регионална акцелераторска програма.
Поддржана од Академијата за претприемништво на Европскиот фонд за Југоисточна Европа (EFSE) и ЕУ, програмата Tech Boost во својата пред-акцелераторска фаза броеше 33 стартапи, од кои 12 стана дел од акцелераторска фаза. Во пред-акцелераторската програма од страна на Сеавус Акцелераторот се претставија 8 стартапи и од нив на овој демо ден се избраниKenzo MK; Bintern; Klik Superapp; Beehold кои ќе бидат дел од првиот регионален акцелератор, и ќе имаат можност да освојат награда од 15.000 евра. Дополнително овие стартапи ќе имаат можност да се претстават пред странски и домашни инвеститори и да обезбедат многу поголеми инвестициски фондови за нивните бизниси.
Со ова Сеавус Акцелераторот во партнерство со едни од најдобрите европски акцелератори- Startup Wise Guys и водечкиот инкубатор и акцелератор Spring Activator со седиште во Канада, ја имплементираше својата петта акцелераторска програма која беше дизајнирана да ги зајакне внатрешните капацитети на претприемачите во рана фаза и да им помогне да ги скалираат своите бизниси на глобалниот пазар.