Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) одобри кредит од ЕУР 5 милиони на третата најголема банка во Северна Македонија, НЛБ Скопје. Финансискиот пакет кој Европската Унија (ЕУ), го поддржува со грантови и техничка помош, ги поттикнува инвестициите во конкурентноста на малите и средни претпријатија (МСП).
Новото финансирање е одобрено од Програмата за конкурентност на МСП , (SME Competitiveness Programme) на ЕБОР, преку која МСП имаат пристап на структуирано финансирање, како и грантови за поддршка, во износ од 15 отсто од сумата на кредитот, со што ја прават самата инвестиција значајно поисплатлива. На бизнисите кои учествуваат во програмата, ќе им се понуди и техничка помош, за да им се помогне во подготовка и имплементација на нивната инвестиција. Грантовите и техничката помош се исто така финансирани од Европската Унија (ЕУ).
НЛБ Банка Скопје ќе ги позајмува средствата на МСП за инвестициски цели, така што тие ќе можат да ги надградат нивните производни капацитети согласно ЕУ стандардите во области како што се заштитата на човековата средина, безбедност при работа и квалитет на производи. Најмалку 60 отсто од кредитите ќе биде за инвестиции кои поддржуваат зелена транзиција.
Финансирањето ќе ја зголеми конкурентноста на локалните претпријатија и ќе им отвори поголеми можности за успех на домашните, регионалните и меѓународните пазари.
Анди Аранитаси, Претставник на ЕБОР за Северна Македонија, изјави: ,,Ни претставува големо задоволство што ја надградуваме соработката со НЛБ Банка Скопје во напорите да го подобри пристапот до финансии на локалните МСП. Во време кога ги чувствувме долготрајните ефекти на пандемијата, поддршката на локалните претпријатија и растот на нивните бизниси е поважен од било кога. Среќни сме што можеме да обезбедиме поволни кредити и грантови кои ќе помогнат во градење поеколошки бизниси, но и во подобрување на квалитетот на производите, здравјето и безбедноста. ”
Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка изјави: ,,НЛБ Банка преку обезбедување на овaa крeдитна линија од ЕБОР, ја докажува посветеноста на своите клиенти дa им овозможува пристап до кредитен продукт наменет за подобрување на конкурентноста кој во исто време нуди и финансиски грант до 15 отсто од износот на кредитот. Со склучување на овој договор продолжува успешната соработка со ЕБОР и поддршката на мали и средни претпријатија во инвестиции насочени кон усоглаување со ЕУ стандардите. Стратегијата на Банката за управување со животната средина и социјални прашања е целосно имплеметирана во нејзиното секојдневно работење, а Банката активно финансира проекти со кои даваме значаен придонес за развој на зелената економија. ”
НЛБ Банка АД Скопје е една од трите најголеми македонски банки, со мрежа од 48 експозитури во целата држава, преку кои ќе се пласираат горенаведените кредити.
ЕБОР е главен институционален инвеститор во Северна Македонија. До денес има инвестирано над ЕУР 2 милијарди во 149 проекти во земјата.