Концептот на првиот автохтон турски автомобил „Togg“ беше лансиран со цел да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 проценти турска.
Првиот турски автомобил „Togg“ беше изложен на најголемиот светски саем за потрошувачка електроника „CES 2022“ во Лас Вегас во САД, јави новинската агенција Анадолија.
Во соопштението од менаџментот на турската компанија се вели дека концептот на првиот турски автохтон автомобил е лансиран со цел да се создаде глобален бренд чија интелектуална и индустриска сопственост е 100 отсто во сопственост на Турција и која го формира јадрото на турскиот екосистем за мобилност.
Извршниот директор на турскиот производител Гурџан Каракас во таа прилика изјави дека тие не се класична автомобилска компанија.
“Ние се дефинираме како технолошка компанија. Затоа сме на „CES“, место за состаноци за иновации и технолошки пионери. Ние сме технолошка компанија која работи на полето на мобилноста, основана во географска област каде што се среќаваат Истокот и Западот, разумот и емоциите. Во новиот свет, каде што автомобилската индустрија брзо се трансформира во екосистем за мобилност, ние создаваме решенија за мобилност, ставајќи ги корисниците и податоците во фокусот на дејствувањето“, вели Каракас.