Компанијата Sleep Number претстави паметен кревет кој знае се за вас и се прилагодува на вашиот живот. Ни годинашниот CES не можеше да помине без место каде што ќе можеме добро да се наспиеме, а тоа дефинитивно е штандот со паметни кревети на Sleep Number.
Компанијата на годинашниот саем го претстави креветот Sleep Number 360, кој се прилагодува на телото на корисникот во реално време во текот на спиењето, собира витални податоци со многуте сензори како што е следење на срцевиот ритам и ритамот на дишење, а може дури и да го детектира хрчењето, па да се подигне или да се спушти за да имате најдобар проток на воздух.
Меѓу интересните функции на паметниот кревет е и следењето на температурата на телото и на просторот каде што спиете, па паметниот систем на креветот може точно да утврди колкава ви е температурата на главата, на рацете, на нозете и на телото и во согласност со тоа да го зголеми греењето или да вклучи ладење на тие места, а се со цел што подобро, подолго и поквалитетно да спиете. Креветот на CES 2022 доби награда за најдобра иновација.
Sleep Number 360 веќе се наоѓа во продажба по цена од 899 долари.
(Vidi.hr)
(фото: Sleep Number)