Renault во Европа ќе продава само електрични автомобили

- Advertisement -

Како и на сите автомобилски компании, плановите на Renault за во иднина се врзани за електрификацијата. Француската компанија порано почна со тој процес и нивниот модел Zoe сега не е толку ретка глетка по патиштата во Европа.

Транзицијата кон исклучиво електрични возила, барем на европскиот пазар, Renault сака да ја доврши до крајот на оваа деценија и после 2030 година повеќе нема да продава возила со електрични мотори во европските земји. Тоа неделава го потврди виршниот директор на компанијата, Лука де Мео. Сепак, во случај да има проблем со инфраструктурата, односно станиците за полнење или високите цени на струјата, Renault би можел да продолжи да продава безницни и дизелкаши на Стариот континент.

- Advertisement -

Ова моментално изгледа неверојатно затоа што сите автомобилски компани наголемо инвестираат во електрификација, па можеме да претпоставиме дека дотогаш ќе има целосно спремна инфраструктура и станици за полнење.

Во склад со плановите за електрификација, од Renault наскоро очекуваме нови модели електрични возила. Во текот на наредните три години можеме да ги очекуваме Renault Megane E-Tech Electric и Kangoo Van E-TECH Electric, како и автомобилот кој ќе биде најинтересен за луѓето кои сакаат мал градски автомобил, а е базиран на легендарниот Renault 5.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Renault)

Сподели!
- Advertisement -