Научници утврдија дека маските освен што не штитат, не прават попривлечни

- Advertisement -

Ако ви треба подобра причина за да носите маска од заштитата на вашето и туѓото здравје, тогаш студијата објавена во списанието Cognitive Research сигурно ќе ве развесели. Имено, научници открија дека мажите и жените изгледаат попривлечни ако лицето им е покриено со маска, особено ако се работи за хируршка маска.

Како што наведуваат, сакале да проверат дали ставовите за привлечноста на луѓето се смениле откако маските станаа неизоставен дел од пандемијата. Исто така, сакале да проверат дали има разлика каква е маската. Во текот на испитувањето на учесниците им прикажувале мачки лица кои билње повеќе или помалку привлечни, а носеле медицинска или платнена маска, книга или воопшто не биле прекриени. Учесниците потоа требало да оценат колку од тие лица биле привлечни.

- Advertisement -

Студијата покажала дека луѓето сметаат дека се најпривлечни лицата прекриени со медицинска маска. И значително биле попривлечни кога се прекриени со платнена маска отколку кога не биле прекриени. Спротивно на очекувањата, нивото на привлечност било поврзано со видот на маската.

Истакнуваат дека можеби станува збор за ефектот на оклузија, односно зголемување на привлечноста кое натсанува со едноставно покривање на долниот дел од лицето. Овој ефект може да се постигне со кој било предмет и не зависи од маската. Но, се смета дека ефкетот на медицинските маски е поголем затоа што се поврзуваат со професии на доктори или негуватели.

- Advertisement -

Овој ефект може да биде присутен само во текот на пандемијата на КОВИД-19 и досега е прикажан само на машки лица, наведуваат истражувачите.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -