„Bundesamt für Strahlenschutz“, германската федерална канцеларија за заштита од радијација, објави листа на паметни телефони кои најмногу зрачат.
Во денешно време сите секојдневно ги користиме мобилните телефони и тие нѝ се на дофат на рака 24 часа на ден.
Кога сме на работа и кога шетаме, телефонот нѝ е во џеб, кога се превезуваме и кога сме дома нѝ е во раце, кога спиеме е на масата до нас итн.
Бидејќи многу често користиме мобилен телефон и тој секогаш нѝ е блиску, прашање е дали истиот штети, а „Infographic Show“ нѝ го носи одговорот според информациите од „Bundesamt für Strahlenschutz“.
Моментално, телефонот кој убедливо најмногу зрачи е „Motorola Edge“.
Некогаш „iPhone“ беше на врвот на листата, но „Apple“ го промени тоа и сега овој телефон не е ни во топ 10.
Погледнете ја целата листа:
Избор – Пари.мк
Фото – Flickr