- Advertisement -
Македонски Телеком продолжува да ја гради 5G мрежата и во новата година. Досега, 13 градови во Македонија се подготвени за 5G, а до крајот на јануари 2022, со опрема од најновата генерација ќе бидат покриени и регионите на Струмица и Радовиш. Со континуирани инвестиции и интензивна работа на терен, се поставува напредна комуникациска инфраструктура којашто ќе овозможи гигабитни брзини и подобри технолошки капацитети за корисниците. До средината на оваа година, поголемиот дел од населението во урбаните средини ќе може да користи 5G услуги, што е цела година пред очекувањата запишани во националната стратегија. Телеком ќе понуди 5G услуги веднаш по добивањето на одобренијата за користење радиофреквенции од АЕК. Големите брзини и капацитети на новата 5G мрежа ќе донесат револуција во корисничкото искуство, молскавично брзо споделување содржини и мала латентност. Оваа технологија ќе биде движечка сила за развојот на нови фукционалности и досега невидени услуги и производи коишто ќе ни го поедностават и подобрат животот во сите сфери. Користењето на сите напредни функционалности од оваа мрежа ќе се одвива постепено во текот на наредните години заедно со растот на можностите на новите технологии. |
- Advertisement -