Првиот целосно автономен товарен брод во светот успешно тестиран во Јапонија

- Advertisement -

Демонстрационите тестови на првиот целосно автономен брод во светт и неговиот навигациски систем успешно поминаа во Јапонија. Бродот автономно пловел повеќе од 240 км со брзина од 48 км/ч, а на крајот од своето патување успешно ја направил процедурата за застанување.

Технологијата која ја користи автономниот брод ја разви компанијата Mitsubishi Shipbuilding, подружница на Nippon Foundation, а станува збор за траектот Soleil, долг 222 метри.

- Advertisement -

Демонстрацијата била дел од проектот MEGURI 2040 на Nippon Fundation за целосно автономни бродови, а проектот почнал во февруари 2020 година. Тестовите на автономниот навигациски систем ќе се вршат во наредните три месеци.

Компанијата Rolls Royce, пак, соработува со Intel на развојот на флота од автономни товарни бродови на кои нема да им треба екипаж. IBM се обиде со автономниот брод Mayflower да го помине Атлантскиот Океан во 2019 година, но тестот пропадна поради помал механички дефект.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -