Шведска создава своја крипто валута, е-круна

- Advertisement -

Во 2017 година Шведска и нејзината централна банка Риксбанк започнаа проект за создавање национална дигитална валута наречена е-круна.

Риксбанк јасно стави до знаење дека е-круната нема намера да ја замени готовината и дека ќе остане во оптек се додека има побарувачка. Бидејќи шведските граѓани се повеќе ја напуштаат готовината и користат електронски средства за плаќање, се смета дека дигиталната валута надгледувана од централната државна банка е неопходна за да продолжи да се одржува безбеден и ефикасен начин на плаќање.

- Advertisement -

Важно е да се нагласи дека е-круната не е криптовалута, како биткоинот. Тоа не е ниту посебна валута.

Во овој случај, оној што ја издава криптовалутата поседува одредена сума на средства за кои е врзана криптовалутата, на пр. злато или долар, и издава пропорционален износ на стабилна криптовалута. Овој тип на криптовалути планира да лансира Facebook, т.е. Мета (новото име на компанијата).

- Advertisement -

Е-круната е замислена како дигитална валута на централната банка која ќе ја издава и гарантира Централната банка на Шведска Риксбанк. Ќе влезе во билансот на централната банка исто како банкнотите и монетите во оптек. Тоа значи дека е-круната не би била нова валута, туку само дигитална верзија на шведската национална валута, круната, а истите законски обврски што Риксбанк ги има кон круната би важеле и за е-круната. Риксбанк гарантира стабилна вредност на круната, а истата обврска би важела и за е-круната.

Криптовалутите како биткоинот работат на блокчејн технологија која може да се користи и за е-круната. Сепак, ова е само едно од технолошките решенија кои Riksbank ги тестира.

- Advertisement -

Минатата година, тестирањето започна во соработка со Accenture, компанија специјализирана за различни ИТ решенија и консалтинг. Проектот се одвива многу бавно и претпазливо, но некои работи се веќе познати.

Извор – Канал 5 ТВ

Сподели!
- Advertisement -