Српската престолнина во текот на минатата ноќ се најде на врвот на листата со најзагадени градови во светот на сајтот AirVisual, каде што може да се види степенот на загаденост на воздухот во поголемите и главните градови во светот.
Воздухот во Белград во текот на ноќта бил во категоријата виолетово со индекс 201, што значи дека е многу нездрав. Моментално Белград е на 6. место на листата на Air Visual, со вредности на загадување 168, а пред него од градовите во соседството се Загреб и Сараево со поголема концентрација на нездрави честички.
Од вчера наутро и апликацијата Beoeko покажува дека воздухот во најголем дел од градовите во Србија е загаден. На граѓаните им се препорачува доколку излезат надвор да носат маски, да избегнуваат вежбање на отворено и поголго задржување надвор, особено на загрозените и осетливи категории жители.
Во затворени простории се препорачува користење на прочистувачи на воздух, како и да не се отвораат прoзорците.
(Bizlife)
(фото: Pxfuel)