Нова револуционерна метода лекува рак со помош на магнетна резонанца

- Advertisement -

Научници од Универзитетскиот колеџ во Лондон развија нова терапија против ракот која употребува уред за магнетна резонанца за насочување на магнетно семе низ организмот, кое ги загрева и ги уништува туморите. Новата терапија британските научници ја тестирале на глувци и велат дека е минимално инвазивна аблација водена од слика или MINIMA.

Терапијата се состои од феромагнетно термосемр, кое се навигира до туморите по магнетен пат со помош на уред за магнетна резонанца и потоа далеичнски се загрева за да се уништат клетките на туморот.

- Advertisement -

Резултатите од истражувањето се објавени во списанието Advanced Science, а авторите на студијата тврдат дека даваат концептуален доказ за прецизно и ефикасно лекување на тешко достапни гиобластоми, заедно со другите видови рак, како што е ракот на простатата, кој може да има корист од помалку инвазивни терапии.

„MINIMA е нова терапија водена од магнетна резонанца, која има потенцијал да ги избегне традиционалните нуспојави на прецизното лекување тумори без оштетување на здравите ткива. Бидејќи семето е магнетно, магнетните полиња во уредот за магнетна резонанца може да се користат за далечинско насочување ан семето низ ткивата до туморот. Кога ќе дојде до туморот, семето може да се загрева, уништувајќи ги клетките на ракот и предизвикувајќи лимитирано оштетување на околните здрави ткива“ вели професорот Марк Литгоу од Универзитетскиот колеџ во Лондон и еден од авторите на истражувањето.

- Advertisement -

Тимот на Универзитетскиот колеџ во студијата покажа три клучни компоненнти на MINIMA на високо ниво на точност: прецизно снимање на семето, навигација низ мозочното ткиво со помош на прилагоден систем за магнетна резонанца со точност од 0,3 милиметри и отстранување на туморите со загревање кај тестовите на глувци.

Феромагнетното термосеме има форма на топка, дијаметар од 2 мм и е направено ов метална легура, а се имплантира површно во ткивото пред да се пренесе до клетките на туморот.Со употребата на уред за магнетна резонаннца се овозможува и снимање на терапевтското семе и на туморот во текот на целата постапка, со што се осигурува дека лекувањето се врши прецизно и без потреба за правење отворена операција.Тоа би било многу корисно за пациентите затоа што ќе се намали времето потребно за закрепнување и се минимизира можноста за нуспојави, вели водечката авторка на студијата, Ребека Бејкер.

- Advertisement -

Професорот Литгоу го откри и долгорочниот план на тимот за усовршување на терапијата MINIMA.

„Ќе го смениме обликот на семето за да делува како минијатурен скалпел за сечење, кој ќе може да се движи низ ткивото и на хирурзите ќе им овозможи вршење далечински управувани операции. Тоа ќе доведе до револуција во неинвазивната хирургија“ вели Литгоу.

(Eurek Alert)

(фото:Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -