Мразот на Монт Еверест се топи 80 пати побрзо отколку што се создава

- Advertisement -

Највисокиот врв на највисоката планина во светот секоја година во изминатите 25 години губи лед за чие создавање се потребни децении, покажува новата студија која ја пренесува CNN.

Овие пресметки треба да послужат како предупредување дека брзото топење на мразот на некои од највисоките точки на Земјата може да доведе до влошување на климатските промени, вклучувајќи и почести лавини и сушење на изворите на вода од кои зависат околу 1,6 милијарди луѓе, кои од тие извори добиваат вода за пиење, за наводнување и за работа на хидроелектрани.

- Advertisement -

Мразот на кој му требале околу 2.000 години за да се формира на глечерот Саут Кол се стопил за околу 25 години, што значи дека се стопил 80 пати побрзо отколку што му било потребно за да се наталожи.

Додека тошењето на глечерите се проучува насекаде, малку научно внимание е посветено на највисоките точки на нашата планета, тврдат научниците во студијата објавена во списанието Nature Portfolio Journal Climate and Atmospheric Science.

- Advertisement -

Тимот научници и алпинисти, вклучувајќи и шестмина од Универзитетот Мејн, го посетиле глечерот во 2019 година и собрале примероци од леденото јадро долги 10 метри. Исто така, ги поставиле и двете најголеми автоматски метеоролошки станици во светот за да соберат податоци и да одговорат на прашањето дали најнедостапните глечети на Земјата се под влијание на климатските промени како резултат на однесувањето на луѓето?

Одговорот е едно големо ДА и тоа многу повеќе од крајот на 90-тите години од минатиот век. Научниците велат дека нивните наоди не само што потврдиле дека климатските промени предизвикани од луѓето ги достигнале највисоките точки на Земјата, туку, исто така, ја нарушиле клучната рамнотежа која ја даваат планините прекриени со снег.

- Advertisement -

Тоа е целосен пресврт во однос на она што претходно се случувало во тие делови. Истражувањето покажало дека мразот на глечерот се намалил за околу 55 метри за 25 години. Научниците виделе и дека снежната покривка на глечерот се повлекла и отстапила простор на ледот, а таа промена можно е да почнала уште во 50-тите години од минатиот век. Таа трансформација на снегот во мраз значи дека глечерот повеќе не може да го одбива сончевото зрачење и затоа се забрзува топењето.

Симулациите покажале дека поради екстремната изложеност на сончевото зрачење топењето на ледот и испарувањето во тој регион може да се забрза за фактор поголем од 20 откако снежната покривка ќе се претвори во мраз.

(Dnevnik.hr)

(фото: )

Сподели!
- Advertisement -